„Дозволете ми да објаснам: Ако само и 1 од 20 илегалци станува граѓанин со право на глас годишно, нешто што Демократите го забрзуваат што е можно побрзо, тоа би биле околу 2 милиони нови легални гласачи за 4 години“, пресметува Маск.
Некој додаде дека според сегашните права и регулативи, дури 9 милиони илегалци на црно влезени во САД ги исполнуваат условите за натурализација.
Малку контекст: во САД постојат стандардни сини и црвени сојузни држави, некои кои традиционално гласаат за Демократите и некои кои гласаат за Републиканците. Исходот на претседателските избори најчесто зависи од резултатите во таканаречените „свинг“ држави, они држави кај кои епилогот е неизвесен и имаат најголема политичка тежина, без оглед на нивната големина.
Разликата во гласовите кај таквите држави која во крајна линија го одредува победникот и претседателот на Америка, знае да биде помала и од 20.000 гласови.
Затоа Маск резонира дека ако Демократската партија успее во намерата да ги зајакне своите гласови во таквите држави со помош на новите гласачи од редовите на миграцијата, тогаш веќе ќе нема свинг држави.
„Администрацијата на Бајден/Харис превезува „баратели на азил“ кои брзо добиваат државјанство, директно во државите како Пенсилванија, Охајо, Висконсин и Аризона. Тоа е сигурен начин да се победи на сите избори. Америка тогаш станува еднопартиска држава и демократијата е завршена. Единствените „избори“ ќе бидат прелиминарните избори на Демократската партија“.
Тој потсетува дека ова веќе се има случено во Калифорнија пред многу години, после имиграциската реформа во 1986 година кога беа легализирани најмногу мигранти на црно.
Единственото нешто што ја штити Калифорнија од екстремниот социјализам и задушувачките владини политики е тоа што луѓето можат да ја напуштат Калифорнија а сепак да останат во Америка. Штом целата земја ќе биде контролирана од една партија, нема да има спас“, предупредува Маск.
Вика, секаде во Америка ќе биде како кошмарот во центарот на Сан Франциско.
**********
За Сан Франциско види: Сан Франциско ја покажува иднината на капитализмот и Два пут сан Франциско и Сан Франциско прави туристичка атракција од наркоманите бездомници
За Калифорнија види: Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре и Да не се хиспаносите САД нема да мрдне со популација и Калифорнија како предупредување
naredil in prevzel z offnet