ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО
  Објавено на
share

ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО 

Родена во 27. гестациска недела, со тежина од 930 г, пред малата Инаја претстоеше голем предизвик, да се избори за живот и да продолжи да се развива како своите врсници. По 6 недели поминати на Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина“, нашиот тим ја испрати во својот дом во Швајцарија, заедно со целото семејство. 

Инаја се родила неочекувано, многу порано од терминот. Нејзината мајка Зира летово престојувала во Македонија кога ненадејно и прснал воденикот и таа веднаш се упатила во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

„Дента кога дојдов во вашата болница, бев премногу исплашена бидејќи знаев дека е рано за моето бебе да дојде на свет, но за моја среќа, имав топол прием од страна на доктор Снежана Булиќ, една прекрасна и срдечна личност, која во текот на целиот мој престој ме бодреше и ме смируваше“, вели Зира, мајката на Инаја. 

Зира нема зборови со кои може да ја опише благодарноста за вработените во „Аџибадем Систина“, од доктори, сестри, болничари... 

„Нивната грижа за моето малечко бебе, а воедно и грижата за мене направи да се ослободам од сите лоши мисли. Нормално, јас како мајка имав моменти кога бев премногу вознемирена, но тие секогаш наоѓаа начин, со своите топли зборови кои влеваа надеж да ме утешат, како мене така и мојот сопруг. На почетокот бев премногу скептична околу тоа како ќе се грижат овде за моето бебе и сакав да се вратам во Швајцарија, мислејќи дека таму ќе добијам многу подобра грижа. Но вие го докажавте токму спротивното. Со целата таа посветеност на докторите и сестрите и условите што ги имате овде, ни докажавте дека не згрешивме што останавме во вашата болница. Особено сме благодарни на доктор Станка Танчева, која се грижеше за здравствената состојба на моето бебе и ни беше достапна во секое време. Навистина сте прекрасни, сите од прв до последен. “, изјави мајката на малата Инаја. 

Д-р Станка Танчева, педијатар неонатолог, вели дека Инаја, иако предвремено родена, била стабилна и благодарение на добрата нега и грижа се развивала одлично. 

„Инаја престојуваше 6 недели на Одделот за неонатална интензивна нега, но имавме среќа што бебето имаше многу благ респираторен дистрес и следствено на тоа, не бараше голема респираторна поддршка од апарати за вештачка вентилација. Во текот на целиот престој состојбата на бебето беше стабилна и постепено беше адаптирано на исхрана на цуцла“ – објасни доктор Танчева. 

-          „ Ви благодарам за сn4; што сторивте за мојата Инаја и за мене.“

Со овие зборови Зира се поздрави со нашиот тим и среќни и задоволни заминаа со своето семејство. g7; посакуваме безгрижно и среќно детство. 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани