„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВОДЕЧКИ КАРДИОХИРУРШКИ ЦЕНТАР ВО РЕГИОНОТ
ПРОФ. Д-Р НИКОЛИЌ: НАШАТА ЦЕЛ Е СЕКОГАШ ДА ГО ОБЕЗБЕДИМЕ НАЈДОБРОТО ЗА ПАЦИЕНТИTE
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира Одделот за кардиохирургија кој е изграден според најсовремени светски стандарди и во последниве години успеа да прерасне во еден од најдобрите кардиохируршки центри во регионот. Успешноста во досегашното работење се должи на континуирано вложување во едукација и усовршување на тимот, обезбедувајќи врвна здравствена нега, со цел да се одговори на специфичните потреби на сите категории пациенти.
Еминентниот проф. д-р Александар Николиќ, шеф на Одделот за кардиохирургија кој од 2015 година е дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, вели дека на овој оддел се изведуваат од рутински до најкомплексни процедури на отворено срце. Одделот работи организирано со искусен тим професионалци, кардиоанестезиолози, хирурзи, кардиолози, кардиоперфузионисти, медицински сестри, физиотерапевти и болничари, добро опремен оддел и најсовремена кардиохируршка интензивна нега со најсовремена апаратура за реанимација и интензивно лекување.
На овој оддел се изведуваат интервенциите како: коронарен бајпас (CABG, MIDCAB, OPCAB) и тромбендеректомија на каротидни артерии, замена или поправка на aортен залисток (David I, II), замена или поправка на митрален залисток, со операција на отворено срце или со минимално инвазивен пристап, замена или поправка на трикуспидна валвула, третман на аортна дисекција и аневризма, вградување вештачко срце (TAH) и вградување апарат за лева, десна или лева и десна срцева поддршка (LVAD, RVAD, BiVAD).
ПОСТАВУВАЊЕ БАЈПАС – ЕДНА ОД НАЈЧЕСТИТЕ КАРДИОХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Бројот на пациенти што имаат потреба од кардиохируршка интервенција е во постојан пораст. Една од најчестите интервенции на кардиохируршкиот оддел во болницата „Аџибадем Систина“ е поставување бајпас, со што за многу кратко време на пациентот му се обезбедува нормално функционирање, продолжување и подобрување на квалитетот на животот.
„Интервенциите за поставување на бајпас се рутинска процедура на одделот, а нивните резултати покажуваат огромна стапка на успешност. Покрај класичната операција, изведуваме и минимално инвазивна бајпас хирургија со која се скратува времето на болнички престој, а пациентите заздравуваат побргу“, вели проф. д-р Николиќ.
РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА НА ЗАЛИСТОЦИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Покрај класичните интервенции за замена на срцевите залистоци, кардиохируршкиот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ секојдневно рутински изведува и реконструктивна хирургија на залистоци. Во светските кардиохируршки центри сn4; повеќе се изведува реконструктивна хирургија на залистоци, која нуди можност за побрзо заздравување, намален ризик за инфекција и згрутчување на крвта. „Операциите при кои се прави реконструкција на заболениот залисток се значајно покомплицирани за хируршкиот тим од оние при кои тој се заменува со вештачка протеза. Примена на реконструктивната хирургија овозможува побрзо заздравување на срцевиот мускул и доколку хируршкиот зафат е изведен навремено, и до намалување на димензиите на срцевите шуплини, а кај одреден број пациенти и до намалување во границите на нормалните вредности“, објаснува проф. д-р Николиќ.
TAVI – ЗАМЕНА НА СРЦЕВИОТ ЗАЛИСТОК БЕЗ РЕЗ
TAVI е една од најновите кардиохируршки интервенции со кои се заменува оштетениот аортен залисток без да се отвори градниот кош. Со TAVI може да се спаси животот на пациентите кои се проценети како високиризични за изведување на класичниот пристап со отворање на градниот кош поради присуство и на други придружни болести. За разлика од класичната кардиохируршка интервенција за замена на залисток која трае околу четири часа, притоа пациентот се префрла на вештачки крвоток и е во општа анестезија, TAVI-интервенцијата може да се изведе во локална или општа анестезија и трае помалку од еден час, не се отвора градниот кош, а пациентите се отпуштаат од болница за само неколку дена, додека целосно заздравување се очекува за една до две недели.
Сите интервенции што се изведуваат на Одделот за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ се бесплатни за осигурениците на ФЗОРСМ.