ТРАМП НАЈАВИ БОРБА ПРОТИВ ЦЕНЗУРАТА ВО 5 ТОЧКИ ... ќе има плачки и цвилење
Ако немаме СЛОБОДЕН ГОВОР, тогаш едноставно немаме СЛОБОДНА ЗЕМЈА. Баш толку е просто. Ако се дозволи ова најфундаментално право да пропадне, тогаш и останатите наши права и слободи ќе се урнат како домино. Затоа денес го објавувам мојот план за разбивање на левичарскиот режим на цензура и да го вратам правото на слободен говор за сите Американци.
Цензорскиот картел мора да биде размонтиран и уништен - и тоа мора да се случи веднаш. Еве го мојот план:
ПРВО, во рок од неколку часа по мојата инаугурација, ќе потпишам извршна наредба со која ќе му се забрани на кој било федерален оддел или агенција да договара со која било организација, бизнис или личност, цензурирање, ограничување, категоризирање или попречување законски дозволен говор на американските граѓани.
Потоа ќе забранам федерални пари да се користат за етикетирање на говор како дезинформација и ќе го започнам процесот на идентификување и отпуштање на секој федерален бирократ кој се вклучил во домашна цензура - директно или индиректно - без разлика дали тоа се Одделот за домашна безбедност, Министерството за здравство, ФБИ, Министерството за правда, кој и да е.
ВТОРО, ќе му наредам на Министерството за правда да ги истражи сите страни вклучени во режимот на онлајн цензура, кој е апсолутно деструктивен и ужасен, и агресивно да ги гони сите идентификувани злосторства. Ги повикувам републиканците во Претставничкиот дом веднаш да испратат писма до администрацијата на Бајден и до секој технолошки гигант од Силициумската долина за да ги потсетат дека не смеат да уништуваат докази за цензура.
ТРЕТО, по мојата инаугурација како претседател, ќе побарам од Конгресот да ми испрати предлог за ревидирање на Секцијата 230 за да ги извадиме големите онлајн платформи од бизнисот со цензура. Отсега па натаму, дигиталните платформи ќе имаат имунитет само доколку ги исполнуваат високите стандарди за неутралност, транспарентност, правичност и недискриминација. Истовремено, треба да бараме од овие платформи да ги зголемат напорите за отстранување на НЕЗАКОНСКАТА содржина, како што е експлоатација на деца и промовирање тероризам, додека драматично ќе ја кратат моќта за произволно ограничување на законски дозволен говор.
ЧЕТВРТО, треба да ја разбиеме целата токсична цензорска индустрија што се појави под лажното маската на справување со таканаречените дезинформации. Федералната влада треба веднаш да престане да ги финансира сите непрофитни и академски програми кои го поддржуваат овој авторитарен проект. Доколку се открие дека кој било универзитет во САД учествувал во активности за цензура или мешање во изборите во минатото - како што е етикетирање на содржината на социјалните мрежи или ставање на црна листа - тие универзитети ќе ги загубат федералните долари во период од пет години, а можеби и повеќе.
Треба да донесеме нови закони со кои се утврдуваат јасни кривични казни за федералните бирократи кои се здружуваат со приватни ентитети за да го бајпасираат Уставот и да ги лишат Американците од нивните права од Првиот, четвртиот и петтиот амандман. Треба да има и 7-годишна забрана кој било вработен во FBI, CIA, NSA, DNI, DHS или DOD да работи во компанија која поседува огромни количества кориснички податоци од САД.
ПЕТТО, конечно дојде време Конгресот да донесе закон за дигитални права. Тој треба да им наложи на владини службеници да имаат СУДСКИ НАЛОГ за отстранување на онлајн содржината, а не да испраќаат барања за информации како што ФБИ го правеше тоа со Твитер. Понатаму, кога на корисници на големите онлајн платформи им се отстрануваат содржини или акаунти, кога се пригушуваат, се фрлаат во сенка или се ограничуваат на друг начин, треба да имаат право да бидат информирани за тоа, да добијат конкретно објаснување за причината и да имаат право на жалба. Покрај тоа, сите корисници на возраст над 18 години треба да имаат право целосно да се откажат од модерирање и да добијат неманипулиран проток на информации.
Доналд Трамп, декември 2022 година